Ало, Дедо Мраз - имаме нови желби! - East Gate Mall
?>

Ало, Дедо Мраз – имаме нови желби!

image of the store

Новогодишната видео-говорница се враќа во East Gate Mall

По големиот интерес минатата година, празничната магија повторно се враќа кај нас.
Видео-говорницата „Ало, Дедо Мраз“ е повторно активна во East Gate Mall и оваа година носи нови желби, нови пораки и уште повеќе празнична радост за сите генерации.

Во периодот од 13 до 28 декември, сите посетители ќе можат да ја снимат својата новогодишна порака и да му се обратат директно на Дедо Мраз. Од најискрените детски желби, до најтоплите семејни пораки – секое видео ќе биде дел од нашата празнична магија.

Како функционира?

  1. Пронајдете ја видео-говорницата „Ало, Дедо Мраз поставена на 1 кат,
  2. Влезете внатре и следете ги кратките упатства на екранот,
  3. Снимете ја својата новогодишна желба – нека биде искрена или посебна како што вие замислувате,
  4. Дедо Мраз ќе ги слушне сите пораки… и оваа година ќе исполнува уште повеќе желби.