Lush
Отворено секој ден
Спрат:
00
Вебстрана:
Телефон:
Социјални мрежи:
Lush свежа рачно направена козметика.
Почнувајќи од 1995 година па се до денес, од измислување на бомбите за во када, проследени со куп иновативни производи, па борбата против тестирање на производите на животни и етичките кампањи, Lush се етаблираше како една од водечките козметички компании.
Првите почетоци на компанијата датираат уште од раните седумдесетите години на минатиот век како ”Constantine & Weir”, па преку ”Cosmetic to go” конечно во мај 1995 година свежите рачно направени производи на Lush да бидат пуштени во продажба.
Денес Lush Fresh Handmade Cosmetics е застапена во повќе од 50 земји во светот со повеќе од 950 продавници.
Од самите почетоци па се до денес нашата мисија е непроменета:
”Ние веруваме…
Ние веруваме во произведувањето на ефикасни производи од свежи, *органски овошја и зеленчуци, најфините есенцијални масла и безбедна синтетика.
Ние ги измислуваме нашите производи и мириси. Рачно ги правиме без или со многу малку конзерванси и пакување, користејќи само вегетаријански сосотојки и ви кажуваме кога точно сме ги направиле.
Ние веруваме во купување на состојки само од компании кои што не ги тестираат на животни и ги тестираме нашите производи на луѓе.
Ние веруваме дека само среќни луѓе прават среќни сапуни, ги ставаме нашите лица на производите и ги правиме нашите мајки горди.
Ние веруваме во долги уживања во када со свеќи, во заедничко туширање, масажи и исполнување на светот со парфеми со можност да направиме грешка, да изгубиме се и да започнеме се оддново.
Ние веруваме дека сите луѓе треба да ја уживаат слободата и да се движат насекаде низ светот.
Ние веруваме дека нашите производи се со добра вредност, дека ние треба да оствариме профит но и дека секогаш клиентите се во право.
* Ние исто така веруваме дека зборовите свежо и органско имаат искрено а не маркетиншко значење.”