Frozzy
Отворено секој ден
Спрат:
01
Социјални мрежи:
Frozzy Yogurteria е првиот штанд за замрзнат јогурт во East Gate Mall кој за прв пат е донесен од Италија во Северна Македонија и е нешто ново за љубителите на вкусни десерти.
Frozen Yogurt e поздрава верзија на сладолед, е комплетен производ без шеќер, без глутен, здрав и кремаст, создаден со оригиналниот, свеж и нежен вкус на јогурт, погоден за сите возрасти. Frozen Yogurt не е како традиционалниот сладолед, но неговата кремаста текстура и неодолив вкус ќе ве освојат уште со првиот залак! Сервирањето на Frozen Yogurt во комбинација со сосови и различни додатоци го прават неодолив.
Во штандот на Frozzy Yogurteria можете исто така да се освежите со други италијански производи: Granita – полузамрзнат десерт и совршен производ за разладување во жешките летни денови. Направено од крцкав мраз со вкус на овошје и други различни вкусови. Во нашата понуда имаме и кафе од Ginseng, оваа варијанта на кафе е помалку интензивна, но има посладок вкус. Не содржи лактоза и е поздрав енергетски поттик. Направено од чист корен од Ginseng, многу древна билка со неброени доблести.