

Cosmo

Cosmo е синџир на парфимерии кој е дел од компанијата Tinex MT, и нуди широк спектар на најактуелни производи од реномирани брендови за козметика и убавина. Cosmo е уникатна продавница за убавина во градот, каде на површина од 300м² се достапни над 15.000 производи од различни категории, како што се префинети мириси од ексклузивни ниш брендови, парфеми, природна и органска козметика, селективна и декоративна козметика од најпознатите светски козметички куќи, како и ексклузивен дизајнерски накит од Шпанија и Италија од брендовите Alcozer & J, Daniel Espinosa, Biba, Gregio, Silvex и други.