Amanti - East Gate Mall

Почетна > Брендови > Amanti

Amanti

Отворено секој ден

Спрат:

01

Телефон:

072688755

Социјални мрежи:

Една успешна приказна од љубителите на тестенини (Amanti di Pasta)

На најголемиот трговски центар во Македонија, Ист Гејт Мол, сега ќе му се придружи и најголемата мрежа на ресторани за тестенини во Македонија, Аманти.

Аманти е идеално место за љубителите на тестенини и нов концепт кој нуди широк спектар од избор на тестенини, големини на порции и видови на сосови. Згора на тоа, нуди одлична и многу брза услуга за неспоредливо доживување.

Аманти е веќе присутен на три различни локации во Македонија, во Скопје (Сити Мол) и на две локации во Тетово (Во центарот на Тетово и кај Универзитетот во Тетово). На овој синџир веќе се придодава четвртиот ресторан, а со оглед на ентузијазмот со кој се прифаќа од страна на нашите посетителите, многу брзо се планира да се прошири и во другите градови низ Македонија.

Аманти се создаде во март 2021 година во екот на пандемијата, во време кое воопшто не беше погодно за постоечките бизниси, а особено беше предизвик за новите услужни дејности. Овој концепт е започнат со цел да се исполни потребата на македонските клиенти да имаат средина посветена на сите љубители на тестенини, и имајќи го во предвид напредокот постигнат во рок од една година, јасно е дека овој нов концепт доби многу позитивни препораки од страна на уживателите на тестенини.

Што го разликува Аманти од вообичаените места што нудат тестенини?

“Веројатно можете да најдете тестенини во секој ресторан заедно со другите типови на храна, но не со посветеноста, грижата и љубовта кон тестенините како во Аманти. Кај нас главната состојка е тестото, се е поврзано со тестенините“- вели менаџерот на Аманти.

При нашата посета на рестораните Аманти, проследена со разговор со персоналот, може да се воочи дека всушност Аманти нуди иновативен и доста интересен концепт за нашиот пазар. Концептот на Аманти е: максимален квалитет и посветеност, исклучително брза услуга, разумна цена и практично пакување, како и поголем избор од било кое друго место со слична понуда.

Квалитет и посветеност: При нашата посета се запознаваме со кујната, околината и персоналот каде се подготвуваат многу познатите и барани сосови. Оттука се гледа дека Аманти многу деликатно го избира секој основен производ неопходен за подготовка од почеток. Секој производ е свеж и подготвен од стручен кадар со долгогодишно искуство во приготвувањето.

Исклучително брза услуга: Од прием на нарачката до нејзината реализација не поминуваат повеќе од 5 минути. Можеби ова може да звучи чудно за оние кои не посетиле Аманти ресторант, но тоа е многу точно. Сето тоа е овозможено со начинот на подготовка и сервирање. Свежите сосови се подготвуваат во централната кујна во Тетово и рано наутро се доставуваат до останатите Аманти ресторани. Потоа сите видови сосови се ставаат во баин марие грејачот и се подготвени понатамошна употреба и сервирање.

Разумна цена и практично пакување: Од самото отварање, Аманти се водеше под една девиза, да ги има најевтините цени на тестенини, салати, десерти и пропратните производи на пазарот и истите да бидат со врвен и препознатлив квалите, како во Тетово, така и во Скопје. Меѓу другото, предноста на Аманти од вообичаените ресторани е што тестенините се служат во три различни големини. Не можете да ја одредите големината на чинијата во обичните ресторани, но во Аманти можете со сто постотна сигурност. Порциите се сервираат во хартиени кутии кои ја одржуваат температурата до 1 час од времето на сервирање и тоа во следните големини: Мала, Средна и Голема порција. Дополнително, Аманти амбалажата е многу практична а воедно и еколошка бидејќи ако сте веќе сити, а сепак имате сеуште храна во вашата порција, можете да ја земате без да побарате дополнителен прибор од кујната (како што на пример тоа е случај во традиционалните ресторани).

Повеќе избор од каде било: Аманти до сега на своето мени нуди до 12 различни видови тестенини и сосови, од кои повеќето не сте имале можност да ги пробате во обичните ресторани. Покрај тоа, Аманти се грижи повремено да го освежува менито со нови продукти базирани пред се на барањата на нашите посетители. Помеѓу другото, она што Аманти го издвојува е можноста да се избере типот на тестенини помеѓу: Шпагети, Пене, Фусили, Макарони и Интегрални тестенини.

За сите оние што не сте го посетиле Аманти, ви предлагаме да го посетите и да ја дадете вашата оцена.