Ало, Дедо Мраз – имаме нови желби!
9th December 2025
Новогодишната видео-говорница се враќа во East Gate Mall
По големиот интерес минатата година, празничната магија повторно се враќа кај нас.
Видео-говорницата „Ало, Дедо Мраз“ е повторно активна во East Gate Mall и оваа година носи нови желби, нови пораки и уште повеќе празнична радост за сите генерации.
Во периодот од 13 до 28 декември, сите посетители ќе можат да ја снимат својата новогодишна порака и да му се обратат директно на Дедо Мраз. Од најискрените детски желби, до најтоплите семејни пораки – секое видео ќе биде дел од нашата празнична магија.
Како функционира?
- Пронајдете ја видео-говорницата „Ало, Дедо Мраз“ поставена на 1 кат,
- Влезете внатре и следете ги кратките упатства на екранот,
- Снимете ја својата новогодишна желба – нека биде искрена или посебна како што вие замислувате,
- Дедо Мраз ќе ги слушне сите пораки… и оваа година ќе исполнува уште повеќе желби.