Избор за Најшармантен Бебе Мраз
9th December 2025
ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО – Најшармантен Бебе Мраз
- Право на учество
Право на учество имаат бебиња на возраст до 24 месеци.
За секое бебе може да се пријави само една фотографија.
- Период на активност
Активацијата трае од 13.12 до 28.12 (до 12:00 часот).
Официјалната галерија со сите пристигнати фотографии ќе биде објавена на Facebook страницата на East Gate Mall.
Победникот ќе биде прогласен на 28.12 на официјалните канали на East Gate Mall.
Лајкови добиени по 28.12 во 12:00 часот нема да се земаат предвид.
- Како да учествувате? (чекори)
- Облечете го вашето бебе во костум на Дедо Мраз или новогодишна комбинација инспирирана од ликот,
- Фотографирајте го на новогодишната поставка “Santa’s Village” на 1. кат во East Gate Mall, (Фотографии направени надвор од поставката нема да бидат земени во предвид.)
- Испратете ја фотографијата во инбокс на официјалниот Facebook профил на East Gate Mall.
- Сите валидни фотографии ќе бидат објавени во официјален Facebook албум.
- Гласањето започнува со објавување на галеријата.
Секој ’Like’ (👍) на фотографијата претставува еден важечки глас.
(Други реакции не се важечки.)
- Прогласување на добитник:
Добитник е бебето кое ќе добие најмногу „Like“ гласови до крајот на гласањето.
5. Подароци за добитникот:
- East Gate Mall ваучер во вредност од 15.000 денари,
- Бебе Центар – количка за деца.
Организаторот задржува право да дисквалификува фотографии или гласови доколку се утврдат нерегуларности (лажни профили, купување гласови, спам и сл.).
6. Согласност
Со испраќање на фотографија, родителите/старателите даваат согласност истата да биде јавно објавена во рамки на активноста, на официјалните канали на East Gate Mall.
Фотографиите нема да се користат за други цели надвор од комуникацијата поврзана со овој настан.