Денешно работно време:10:00 - 22:00
Денешно работно време:10:00 - 22:00
mk
  • en
  • sq
undefined

Uniqa

ПочетнаUniqa

Uniqa


Работно време
Телефон
+389-75-416-685
Локација
-1Добиј насоки
Поврзи се
Друштвото за осигурување UNIQA а.д Скопје е во сопственост на водечката австриската осигурителна компанија UNIQA Insurance Group. Во Македонија UNIQA а.д Скопје е правен и деловен наследник на Сигал а.д Скопје кое беше основано како ќерќа-фирма од СИГАЛ, Албанија во 2004 година. На македонскиот осигурителен пазар ги нуди своите продукти од 2005 година. Во Јуни 2009 година, македонската подружница на SIGAL UNIQA Insurance Group се ребрендира/реструктуира во UNIQA а.д. Скопје и продолжи да ги нуди сите форми на неживотно осигурување продавајќи ги преку своите вработени во продажба, и мрежа на надворешни соработници – агенти и брокер. Од 26 мај 2011 година преку новоформираната компанија UNIQA Life Македонија влезе и на пазарот на животно осигурување во Македонија.

Повеќе продавници што би можеле да ви се допаднат

Милениците се важен дел од животот на секој од членовите на нашиот тим. Тие се всушност составен дел на нашите семејства. Љубовта спрема животните имаше силно влијание и врз изборот на нашите професии, така што некои од нас ја одбраа ветерината, некои се посветија на грумингот, некои на правилната исхрана на милениците… 5 ЦЕНТАР е посветен на грижата кон милениците. Создаден е како збир на идеи на љубителите на животни и нивните секојдневни потреби и предизвиците со кои што се соочуваат. Познавајќи ги од прва рака потребите на сопствениците на кучиња и мачиња во нашиот град, одлучивме во склоп на 5 Центарот да функционираат Пет шоп, Груминг студио и Дневен пансион за миленици, на едно место. Во 5 Центар Вашите миленици ги третираме онака како што ги третираме и нашите сопствени, со љубов, одговорност и посветеност. Кај нас вашето милениче ќе биде сместено на чисто, безбедно и комфорно место, за да можете релаксирано да ги завршите сите планирани обврски во текот на денот. Во склоп на 5 Центар функционира Груминг студио каде што тим од професионални грумери ќе се погрижи за комплетна нега и преубав изглед на Вашето куче. Третманите подразбираат бањање, четкање, шишање и фризури по мерка на миленичето. Правилната исхрана е половина здравје, затоа се потрудивме да ги обезбедиме најквалитетните брендови на храна соодветно на видот, големината, возраста и потребите на миленичето. За милениците со одредени здравствени проблеми имаме специјални ветеринарни линии на храна кои ќе им овозможат поздрав, поубав и подолг живот. Однапред се радуваме на средбата со Вас и Вашето милениче!
logo
East Gate Mall
Belasitsa 2
Skopje, 1000 North Macedonia
+389-71-381-454
ДОБИЈ НАСОКИ
Лизинг
Поврзи се
BALFIN