Денешно работно време:10:00 - 22:00
Денешно работно време:10:00 - 22:00
mk
  • en
  • sq
undefined

Mega Auto Parts

ПочетнаMega Auto Parts

Mega Auto Parts


Работно време
Телефон
+389-71-242-484
Локација
-2Добиј насоки
Поврзи се
Мега Ауто Партс е увозник и дистрибутер на авто делови од реномирани германски (и западноевропски) производители на резервни авто делови, кои воглавно се и прво вградени во многу возила. Мега Ауто Партс е компанија со македонски капитал, формирана во мај 1998 година со седиште во Скопје. Основна дејност на Мега Ауто Партс е големопродажба и дистрибуција на авто делови во Р. Македонија, водена од бизнис идејата за застапување на оригинални резервни делови од германско потекло. Мега Ауто Партс располага со адмнистративно-магацински простор од 2000м2 за големопродажба, кој се наоѓа на ул. Kачанички Пат, бр. 146 и со малопродажни салони лоцирани во Чаир, Тафталиџе, Ченто, Кисела Вода ( Првомајска), Тетово, Куманово, Охрид, Кичево, Струга во секое време подготвени да овозможат врвна и квалитетна услуга. Мега Ауто Партс е компанија која во своето досегашно искуство успеа да се стекне со репутација на врвно организирана компанија и препознатливост во понудата на висококвалитетни авто делови, врвна услуга и професионалност во работата. Мега Ауто Партс располага со повеќе од 40.000 позиции на лагер од 78 реномирани германски производители на резервни авто делови. Вработените во Мега Ауто Партс секојдневно работат на усовршување на своите работни вештини и активно ги следат трендовите во авто индустријата преку учество на разни обуки, семинари и презентации, а со цел да овозможат подобар сервис и подобра услуга на своите коминтенти. Мега Ауто Партс соработува со повеќе од 500 продавници, сервиси и овластени дистрибутери на автомобили долж целата територија на Р. Македонија и со тоа претставува една од најголемите компании во AFTERMARKET бизнисот со авто делови. Денес, Мега Ауто Партс има преку 50 вработени кои се грижат за услугата кон клиентите да биде на највисоко можно ниво.

Повеќе продавници што би можеле да ви се допаднат

AutoKing е специјализиран бренд за авто-опрема, авто-козметика и додатоци за одржување и унапредување на возилата. Со долгогодишно искуство и фокус на квалитет и сигурност, AutoKing нуди внимателно селектиран асортиман на производи за нега, заштита и функционалност на автомобилите. Во понудата на AutoKing се вклучени производи за чистење и одржување, заштитна опрема, авто-додатоци и практични решенија за секојдневна употреба, наменети и за индивидуални возачи и за професионалци. Брендот се води од идејата да обезбеди квалитетни, проверени и достапни решенија што го подобруваат искуството на секој возач.
logo
East Gate Mall
Belasitsa 2
Skopje, 1000 North Macedonia
+389-71-381-454
ДОБИЈ НАСОКИ
Лизинг
Поврзи се
BALFIN