Денешно работно време:10:00 - 22:00
Денешно работно време:10:00 - 22:00
mk
  • en
  • sq
undefined

Literatura Superstore

ПочетнаLiteratura Superstore

Literatura Superstore


Работно време
Телефон
+389-78-475-289
Локација
1Добиј насоки
Поврзи се
Книжарниците „Литература.мк“ ги носат светските книжни трендови, задоволувајќи го вкусот и на најпребирливите љубители на книгата. „Литература.мк“, која започна како онлајн продавница (www.literatura.mk), сега има осум специјализирани книжарници стационирани на најфреквентните места во Скопје и Битола, а наскоро и во Струмица. Во книжарниците на Литература.мк Суперстор има голем избор на белетристика, литература за деца, стручна литература и едукативни материјали на повеќе јазици, од најголемите домашни и странски издавачки куќи. Во архитектонски модерно дизајнираниот простор има повеќе содржини: канцелариски материјал, училишен прибор, дидактички и едукативни публикации, но и помагала за уметност и дизајн, како и ракотворби. Посебен акцент е ставен на програмата за подароци: тетратки, планери, чаши, маици, картички, магнети и друго. Во него можете да најдете и луксузни подароци, дизајнерски производи за дом и канцеларија. Книжарницата располага и со широк асортиман на играчки за деца до 14 години, од повеќе светски познати брендови. Книжарниците се замислени и како места за одржување на различни културни настани, промоции на книги, концерти, деловни презентации и снимања.

Повеќе продавници што би можеле да ви се допаднат

Специјализирана продавница за балони на хелиум како, балонски аранжмани и персонализирани подароци. Балон Твистер нуди широка палета на производи кои можат да бидат наменети за различни пригоди како дочек на новороденче, роденден, мекици, свадба, вердби, како и корпоративни подароци. На нашиот киоск може да одберете веќе подготвен балонски аранжман кој може да биде персонализиран во рок од 15-20 минути и да однесете совршен подарок за соодветната пригода.
logo
East Gate Mall
Belasitsa 2
Skopje, 1000 North Macedonia
+389-71-381-454
ДОБИЈ НАСОКИ
Лизинг
Поврзи се
BALFIN