Денешно работно време:10:00 - 22:00
undefined

Literatura Caffe

ПочетнаLiteratura Caffe

Literatura Caffe


Работно време
Телефон
Локација
Поврзи се
На површина над 200 квадратни метри, во рамките на најголемиот центар за шопинг, култура и забава во регионот – „Ист гејт мол“ (East Gate Mall), се наоѓа најголемиот локал на најурбаното книжевно кафуле Café Literatura. Ова е трета локација на Café Literatura, кој е дел од синџирот книжарници „Литература.мк“. Досега добро се познати кафе-баровите во Literatura.mk Superstore (во „Скопје сити мол“) и во „Литература.мк“ во ТЦ „Буњаковец“. Café Literatura е архитектонски модерно дизајниран простор, осмислен за релаксација и споделување на убави моменти, каде што може да се испие добро кафе и да се прочита убава книга од богатата понуда на „Литература.мк“. Кафе-барот е конципиран и како простор за промоции и за одржување на разни културни настани, книжевни средби, концерти, бизнис-презентации и снимања.

Повеќе продавници што би можеле да ви се допаднат