Денешно работно време:10:00 - 22:00
undefined

МАЛИ ЧЕКОРИ, ГОЛЕМИ СОНИШТА

ПочетнаМАЛИ ЧЕКОРИ, ГОЛЕМИ СОНИШТА

МАЛИ ЧЕКОРИ, ГОЛЕМИ СОНИШТА

Големите модни соништа започнуваат со еден мал чекор!

East Gate Mall, во соработка со Max Models, Mango Kids и Okaïdi, отвора повик за деца до 12 години кои сакаат да го откријат светот на модата и да зачекорат на вистинска модна писта.

Избраните деца ќе поминат кастинг и подготовка, а потоа ќе имаат можност да настапат на детската модна ревија на 21 ноември 2026 година во East Gate Mall.


Како да се пријавите?

Пријавувањето го врши родител или законски старател преку онлајн формата, со внесување на бараните податоци и приложување фотографија од детето.

Пријавете го вашето дете тука: МАЛИ ЧЕКОРИ, ГОЛЕМИ СОНИШТА - Google Forms


Фонд на награди

🥇 Прво место - детски модел на East Gate Mall

Gift card од East Gate Mall во вредност од 15.000 денари, професионална фотосесија за Mango Kids или Okaïdi, подарок од Mango Kids или Okaïdi, и обука за млади модели во Max Models.

🥈 Второ место

Gift card од East Gate Mall во вредност од 10.000 денари, подарок од Mango Kids или Okaïdi и обука за млади модели во Max Models.

🥉 Трето место

Gift card од East Gate Mall во вредност од 5.000 денари, подарок од Mango Kids или Okaïdi и обука за млади модели во Max Models.

Дајте му можност на вашето дете да го открие својот талент, да стекне ново искуство и да го направи својот прв моден чекор!

Мали чекори, големи соништа во East Gate Mall.

Поврзи се + Сподели