DOGFLUENCER VOL. 3
DOGFLUENCER VOL. 3
East Gate Mall повторно го организира најслаткиот настан во градот – ден посветен на милениците, нивните сопственици и незаборавните заеднички моменти.
Од 1 до 13 октомври, посетете ја Dogfluencer фото-зоната во East Gate Mall, направете фотографија или видео со вашиот миленик и споделете го на Instagram Story. Можеби токму вашиот миленик ќе стане новиот Dogfluencer!
ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО DOGFLUENCER VOL. 3
Како да учествувате?
- Посетете ја Dogfluencer фото-зоната на ниво 0 во East Gate Mall, во периодот од 1 до 13 октомври 2026 година.
- Направете фотографија или видео со вашиот миленик.
- Објавете ја фотографијата или видеото на вашиот Instagram Story.
- Во објавата означете го официјалниот профил @eastgatemall.mk.
- Вашиот Instagram профил треба да биде јавен во моментот на објавувањето, за содржината да може да биде евидентирана.
- Секој учесник може да учествува неограничен број пати со различни фотографии или видеа.
Услови за учество
- Право на учество имаат лица постари од 18 години.
- Во Dogfluencer Vol. 3 може да учествуваат кучиња со тежина до 15 kg.
- Учеството не е условено со купување во East Gate Mall.
- Содржината мора да биде оригинална и објавена од профилот на учесникот.
- Вработените во East Gate Mall немаат право на учество.
- Објавите што не ги исполнуваат условите или се објавени по завршувањето на периодот нема да бидат разгледувани.
Избор на победник
Победникот ќе го избере тричлена жири-комисија составена од претставници на East Gate Mall, според следните критериуми:
- креативност;
- стил;
- талент и впечаток на миленикот.
Победникот ќе биде објавен на 14 октомври 2026 година, преку официјалниот Instagram профил @eastgatemall.mk.
Награди
Прво место:
Годишен договор за соработка со East Gate Mall во вредност од 300 евра, во денарска противвредност.
Со учеството, учесниците се согласуваат East Gate Mall да ја сподели или повторно да ја објави нивната содржина за комуникациски цели поврзани со Dogfluencer Vol. 3.
Подгответе ги камерите, донесете го вашиот миленик и бидете дел од највеселото pet-дружење во градот!
East Gate Mall – ти си центар.