Valentine's Day - East Gate Mall
?>

Valentine’s Day

image of the store

Овој месец ја славиме љубовта.

Овој февруари дозволете си себеси да бидете разгалени, да уживате и да го прославите месецот на љубовта. Љубовта е вистинска кога се покажува и докажува секој ден, но поедини датуми посебно се издвојуваат. Секако зборуваме за 14-ти февруари.

Сите вие кои сте лудо вљубени и од 365 дена во годината имате еден ден посветен на својата заљубеност, тоа во најмала рака, треба да го одбележите соодветно.

Потребно ви е добра воља, мноооогу љубов и внимание и секако вашата сродна душа до вас, за романтично расположение. А ние со вас, секогаш радо прославуваме се’ што ја помрднува и возвишува љубовта.

Во име на љубовта не заборавивме и на подароците. А што да подарите?

Најнапред, подарокот треба да е од срце. И за да биде добар, мора да биде оригинален. Затоа се погриживме овој февруари да ги стопиме вашите срца со попустите во нашите продавници.

А сите вие кои се’ уште не сте ја нашле вашата сродна душа, месецот на љубовта има за цел да ве натера повторно да се вљубите во модата и во изразување на својата личност низ уникатниот стил.