април 2021

The Athlete’s Foot влегува во Македонија, токму во East Gate Mall

Ивана Илиоска од СПОРТ М официјално ги предаде нацртите за трите продавници на лизинг тимот на Ист Гејт Мол и изјави дека ,,Спортскиот оддел во Ист Гејт Мол ќе биде импресивен и ќе биде омилено место за шопинг, забава и разонода за сите посетители. Ист Гејт Мол е вистинско место за нашите три нови продавници кои ќе бидат уредени според најсовремен идеен концепт кој ќе се изведува во претстојните 5 месеци”.

THE ATHLETE’S FOOT доаѓа за прв пат во Македонија преку Ист Гејт Мол и ќе претставува големо освежување за љубителите на спортот. Светски реномираниот THE ATHLETTHE’S FOOT припаѓа на групацијата Интерспорт и нуди различни спортски брендови, чии модели се ретки, во лимитирани колекции и неможат да се најдат во вообичаените излози. Анатомски линии, врвен дизајн, како и иновативни парчиња промовирани од најдобрите имиња во спортот, се главните конкурентски предности на The ATHLETE’S FOOT.

Adidas е дедицирана монобренд продавница која се простира на 360м2 и ќе биде новиот дом на последните автентични колекции на Adidas.

Најголемиот Интерспорт се отвора за прв пат во рамки на трговски центар во Македонија на површина од 1100м2 како мултибренд продавница која нуди огромна палета на производи за секој спорт и присуство на голем број истакнати брендови во сите категории.

Наташа Апостолов, Лизинг Менаџер изјави дека: ,,Спортскиот оддел во Ист Гејт Мол се простира на површина од 3600 м2, со што преставува најголема спортска понуда во регионот. СПОРТ М носи атрактивни трговски марки кои љубителите на спортот ги очекуваат со големо задоволство.

новости

Слични новости

...
,,СОЗДАДОВМЕ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР СО СВЕТСКИ БРЕНДОВИ”

Eксклузивно интервју со Игор Давков извршен директор на Ист Гејт Мол, и Влатко Богоевски извршен директор на “Cushman&Wakefield/FORTONMKA“ (ексклузивен лизиг агент на Ист Гејт Мол)

...
CINEPLEXX СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ

Водечкиот синџир на кинa во Југоисточна Европа инвестира 5 милиони евра во својата најнова локација во трговскиот центар Ист Гејт Мол во Скопје. Кино групацијата CINEPLEXX ја започна изградбата на својата втора локација во Скопје. Церемонијата се одржа во четвртокот, на 15 јули, во новиот трговски центар „Ист Гејт Мол“ каде што членот на Управниот […]

...
Интервју со Проф. д-р Мишко Ралев - UACS

Имавме чест да разговараме со Проф. д-р Мишко Ралев од факултетот за архитектура на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (UACS).

...
СОВРЕМЕНА ИНФРАСТРУКТУРА СЕ ЗАВРШУВА ВО РЕОНОТ ОКОЛУ СКОПЈЕ ИСТ ГЕЈТ

Прес со Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и Извршниот Директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков.

...
ТИНЕКС отвора модерен хипермаркет во Ист Гејт Мол

TINEX го отвора наесен својот прв хипермаркет во склоп на трговски центар, токму во Ист Гејт Мол. TINEX HYPERMARKET ќе биде главниот маркет во трговскиот центар со површина од 2,000 m2.

...
Fashion Group со 8 нови брендови во Ист Гејт Мол

Mодниот лидер во нашиот регион ,,FASHION GRОUP” доаѓа во Ист Гејт Мол со сите свои трговски марки и отвора осум нови проекти на реномирани интернационални брендови,