ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ - East Gate Mall

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа политика за приватност има за цел на јасен и транспарентен начин да Ве информира за собирањето, употребата, чувањето и обработката на личните податоци на посетителите на нашата веб страница, корисниците на услуги и вработените на ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје (ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ).

ШТО СЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Личен податок е секоја информација која што се однесува на Вас како физичко лице, на пример: име и презиме, единствен матичен број, телефонски број, податоци за локација, идентификатор преку интернет, податоци од финансиска природа како кредитна картичка за купување на одредени производи или услуги, односно личен податок е секоја информација преку која одредено физичко лице може да се идентификува директно или индиректно.

КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со седиште на ул. Беласица бр. 2, општина Гази Баба, Скопје, Република Северна Македонија, е контролор за обработка на личните податоци, до кои може да бидат доставени Вашите лични податоци, а со цел да се реализира односот со Вас и да одговориме на Вашите барања.

Доставувањето на било каква информација или содржина од страна на Вас како субјект на личните податоци (во понатамошниот текст Корисник) е доброволно и е предмет на Условите за користење кои се составен дел на оваа Политика за приватност (во понатамошниот текст “Политика”).

Со Политиката се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се предмет на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката и повремено проверувајте ја истата бидејќи го задржуваме правото да ја менуваме согласно нашите активности и настанати промени.

Доколку имате прашања во врска со точките што се опфатени со оваа Политика, слободно можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци, Филип Копановски на следниот email: filip.kopanovski@seg.mk.

Со Вашата регистрација и најавување на нашата веб страна, изјавувате дека сте запознаени и согласни со содржината на нашата Политика на приватност.

ЧИИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ СОБИРАМЕ?

Ние можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата интернет страница: https://eastgatemall.mk/, корисници на апликациите на ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ и потенцијални потрошувачи,
  • Посетители на ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ, потрошувачи, корисници на услуги и продукти.

КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ ПРИБИРАМЕ?

Податоци за идентификација: име, презиме, телефонски број, е-пошта, адреса.

Податоци за корисничкиот профил: корисничко име и лозинка, поставени прашања, барања, преференци.

Податоци од посета на веб страницата: информации за веб-страници на веб-сајтот кои ги посетил Корисникот, веб-страници кои го пренасочиле Корисникот на eastgate веб-страницата, веб-страници кои Корисникот ги посетил преку линкови кои се презентирани на eastgatemall веб-страницата, датум и време на тие посети, IP адреса на корисникот/ IP адреса од уредот-компјутерот/таблет/телефон од каде се пристапува, се поставува прашање, тип на интернет прелистувачот што го користи Корисникот, клучни зборови кои ги користи Корисникот при пребарување на eastgate директориумот, бројот на корисници кои го виделе интернет огласот (банерот) на eastgatemall веб-страницата, бројот на кликнувања на интернет огласите (банерите) на eastgatemall веб-страницата.

Податоци од финансиска природа: Ние може да имаме пристап до информациите за наплата при користењето на нашата апликација за Програмата за лојалност: како на пример датум и време на трансакцијата, износ на трансакцијата, назив на трговецот каде што е направена трансакцијата.

Овие податоци исто така ќе бидат собрани и обработени од страна на нашите доверливи добавувачи како трети страни, во согласност со условите и правилата на нивните политики за приватност и условите за користење.

Вашите лични податоци ние ги обработуваме во согласност со позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.

Податоци кои доброволно се доставуваат независно од деловниот однос: Личните податоци кои ги прибираме со Вашата посета на нашата веб-страница, или кога ќе ни испратите електронска пошта (e-mail), или телефонски ќе не контактирате, се оние кои доброволно ќе одлучите да ни ги доставите, а за цели утврдени со закон, како би ни овозможиле да ја реализираме и исполниме услугата која Ви ја нудиме (на пример: име и презиме, адреса на живеење, контакт телефон, електронска пошта (e-mail), податоци за вашите социјални мрежи, доколку сте пристапиле до информациите на ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ преку социјална мрежа (Facebook, LinkedIn, Instagram, Youtube), податоци за потенцијалните кандидати за вработување.

Податоци во врска со прашања, барања, пофалби, поплаки, неетичко или друго недозволиво постапување: Личните податоци кои што ќе ги споделите со нас тогаш кога се обраќате кон нас со цел да не пофалите, да поставите прашање, да се поднесете барање, поплака или да пријавите дејствие кое според Вас е неетичко или недозволиво, а во врска со Вашиот и/или идентитетот на тој на кого се однесува обраќањето (на пример: име и презиме, контакт податоци, содржина на барањето/дописот/пријавата која може да содржи и лични податоци за лицето за кое се однесува обраќањето, со докази и прилози и слично).

Видео податоци од системот за видео надзор.

ОД КАДЕ СЕ СОБИРААТ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

Личните податоци се собираат директно од Вас, кога се регистрирате како Корисник, кога поставувате прашања, барања, доставувате поплака или пофалба, кога се согласувате за добивање на маркетинг понуди (newsletter), преку Вашето користење на нашата веб страна, преку нашиот email:  complaints@seg.mk или кога на друг начин комуницирате со нас.

ЗА КОЈА ЦЕЛ ГИ КОРИСТИМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

  • Да одговориме на прашања во врска со нашите активности, услуги, барања, предлози, поплаки.
  • Доставување на директни маркетинг понуди, информации за попусти, преку email и текст пораки, телефон или преку пошта.
  • Пополнување или користење на ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ апликации (на пример за цели на вработување, или за услугите кои ги нудиме согласно делокругот на нашето работење).
  • За оптимизирање на онлајн корисничкото искуство, персонализирани маркетинг пораки и промоции кои се резултат на алгоритамска анализа и предвидување на преференци, интереси и однесувања.
  • За истражување и следење на однесувањето на Корисникот, неговите навики и интереси, за да се анализира ефикасноста на рекламирањето, заради статистички цели и заради подобрување на понудените услуги.  За оваа цел може да користиме Google Analytics. ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ може да ги обработува овие информации во персонализирана форма заедно со други информации за Корисникот што тој ги доставил при регистрацијата.
  • За да добивате попусти и поволности преку Вашето учество во нашата Програмата за лојалност, наградни игри, промоции, анкети или истражувања, едукации.

ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Секогаш кога ги обработуваме Вашите лични податоци, ние за таа обработка имаме правен основ. Правниот основ за обработката на Вашите лични податоци може да биде:

  • Вашата согласност – Ова се однесува кога Вие ги обезбедувате Вашите лични податоци и се согласувате ние да ги обработуваме со цел да Ви обезбедиме конкретна услуга, на пример:
  1. Вие може да добиете маркетинг комуникација од наша страна. Ние може да ги користиме Вашите податоци за идентификација, контакт, преференци и кориснички профил за да дознаеме кои продукти, услуги и маркетинг промоции би биле од Ваш интерес, единствено по дадена согласност од Ваша страна. Вие имате право во секое време да ја повлечете согласноста преку понудена опција секогаш кога добивате маркетинг понуди преку email. Дополнително, за повлекување на согласноста за маркетинг понуди, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци, Филип Копановски на следниот email: filip.kopanovski@seg.mk.
  2. Може да складираме одредени колачиња на Вашиот уред. Колачиња се мали текстуални датотеки кои се сместуваат во Вашиот уред од страна на веб страните кои ги посетувате. Може да поставиме аналитички колачиња (овие се исто така познати како колачиња за изведба и ја мерат/снимаат Вашата интеракција со нашата страница за да можеме да направиме подобрувања) на Вашиот уред. Ве молиме погледнете ја нашата Политика за колачиња на нашата веб-страница за повеќе информации за различните видови колачиња што ги користиме и нивната намена.
  • Исполнување на договор– Ова се однесува кога Вие ни ги обезбедувате Вашите лични податоци за реализација и склучување на договор.
  • Нашите легитимни интереси– Ова се однесува кога Вие ни ги обезбедувате Вашите лични податоци и ние ги користиме за:
  • Може да ги користиме Вашите лични податоци за да се осигураме дека нашите веб-страници/апликации функционираат соодветно и се безбедни и сигурни.
  • Да одговориме на Вашите прашања, барања, поплаки и пофалби.
  • Остварување на било какви правни барања или за статистички цели.
  • Видео надзор за заштита на имотот и средствата на Трговскиот центар, вработените, посетителите и корисниците на нашите услуги од криминални активности, како и обезбедување на докази во постапките во случај на кражба, измама, оштетување на имотот/средствата на Трговскиот центар и слично.
  • За да почитуваме одредена законска обврска – Ова се однесува кога Вие ни ги давате Вашите лични податоци кои ние треба да ги чуваме поради наши правни причини (на пример, ние треба да ги чуваме Вашите информации за трансакцијата за да се усогласат со нашите обврски за даночно и финансиско известување).

КОЈ МОЖЕ ДА ИМА ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИТЕ?

Сакаме јасно да нагласиме дека ние не ги продаваме Вашите лични податоци.

Пристапот секогаш ќе се контролира врз основа на need-to-know basis, и ќе се обезбеди само таму каде што е неопходно за да Ви ги обезбедиме бараните услуги или за да ни дозволите да ги извршуваме сите неопходни или легитимни функции. Каде што е дозволено, ние исто така може да споделиме некои од Вашите лични податоци, вклучувајќи ги и податоците собрани преку колачиња, за да ги усогласиме и ажурираме информациите што ги споделувате со нас, да изведуваме статистика врз основа на Вашите карактеристики и да ги прилагодиме нашите комуникации за Вас.

Вашите лични податоци може да бидат обработувани во наше име од страна на нашите доверливи добавувачи (трети страни).

Ние се потпираме на доверливи трети страни за извршување на низа деловни операции во наше име. Ние им ги доставуваме само потребните информации за извршување на услугата и бараме тие да не ги користат Вашите лични податоци за која било друга цел. Ние секогаш правиме најдобри напори за да се осигураме дека сите трети страни со кои работиме ќе ги чуваат Вашите лични податоци безбедни. На пример, можеме да им довериме услуги што бараат обработка на Вашите лични податоци на:

  • Агенции за рекламирање, маркетинг, дигитални и социјални медиуми за да ни помогнат да спроведеме рекламирање, маркетинг и кампањи, да ја анализираме нивната ефикасност и да управуваме со Вашите контакти, прашања и нашата врска.
  • Трети страни кои ни помагаат во обезбедување на ИТ услуги, како што се даватели на платформи, услуги за хостирање, одржување и поддршка на нашите бази на податоци, како и на нашиот софтвер и апликации.
  • Давателите на платежни услуги како банки и платежни финансиски институции кои извршуваат услуги за нас, поврзани со реализација на плаќањето.
  • Независни трети страни, електрокомуникациски оператори, компании за поштенски услуги, маркетинг партнери, осигурителни компании, како и надлежни институции кои имаат законски овластувања кои може да ги користат личните податоци за свои цели.

Нашиот однос со третите страни е уреден врз основа на правно обврзувачки договор со кој е регулирано дека се преземени соодветните мерки на безбедност и сигурност на Вашите лични податоци.

ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Личните податоци нема да се пренесуваат во трети држави надвор од Европската Унија (ЕУ) или Европскиот економски простор (ЕЕП).

Во случај на потреба ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ да пренесува лични податоци во трети држави надвор од границите на ЕУ или ЕЕП, ќе преземаме соодветни мерки да осигураме дека при преносот се применува соодветно ниво на заштита на личните податоци, преку склучување на договори за обработка на личните податоци (стандардните договорни клаузули издадени од Европската Комисија или од Агенцијата за заштита на личните податоци, други договорни клаузули или заштитни механизми).

КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ СЕ ЧУВААТ ПОДАТОЦИТЕ?

Ние ќе ги чуваме Вашите лични податоци, онолку колку што е потребно за да можеме да Ви ја обезбедиме побараната услуга/и или за да ги задоволиме комерцијалните и законските обврски. За да го определиме периодот на задржување на Вашите лични податоци, земаме во предвид неколку критериуми за да се осигураме дека не ги чуваме Вашите лични податоци подолго од потребното. Тие критериуми се следните:

  • Целта поради која ги држиме Вашите лични податоци.
  • Нашите законски и регулаторни обврски поврзани со тие лични податоци, на пример обврски кои произлегуваат од финансиското работење и поднесување финансиски извештаи.
  • Ако нашиот однос со Вас е актуелен, односно активен, на пример ако Вие имате активен кориснички профил на нашата веб страница, ако продолжувате да добивате маркетинг комуникации или ако редовно пребарувате преку нашата веб страница.
  • Ако Вие повеќе не сакате да ги добивате нашите email-ови, ако не ја посетувате нашата веб страница.
  • Секое конкретно барање од Ваша страна во врска со бришењето на Вашите лични податоци и
  • Нашите легитимни деловни интереси во врска со управувањето со нашите сопствени права, на пример, одбрана на какви било правни побарувања или за статистички цели.

Ние особено задржуваме одредени лични податоци за следните периоди:

  • Кога купувате одредени услуги, ние ги чуваме Вашите лични податоци за времетраењето на нашата договорна врска.
  • Кога сте се согласиле да добивате маркетинг комуникација, ние ги чуваме Вашите лични податоци се додека Вие: (i) не побарате да ги избришеме Вашите лични податоци или се додека не ја повлечете согласноста за добивање на маркетинг комуникација; или (ii) по извесен период на неактивност (т.е кога не сте комуницирале со нас одреден временски период).
  • Кога колачињата се поставуваат на Вашиот компјутер, тие се чуваат онолку долго колку што е потребно за да ги постигнат своите цели (на пример, за времетраење на сесија за колачиња за кошничка или колачиња за идентификација на сесија).

Кога повеќе нема да имаме потреба да ги користиме Вашите лични податоци, истите ќе бидат отстранети од нашиот систем и евиденција, или ќе бидат анонимизирани за повеќе да не можете да бидете идентификувани преку нив.

КАКО ГИ ЗАШТИТУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Корисници на возраст од 16 години и помлади

Доколку сте на возраст од 16 години или сте помлади, побарајте дозвола од Вашиот родител или старател пред да ни обезбедите лични податоци. Корисниците без ваква согласност не смеат да ни обезбедат лични податоци.

Линкови до други веб страници, апликации и услуги

Веб-страната на ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ може да обезбедува линкови до веб-страници на трети лица или да вклучуваат страници и услуги на трети лица. ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ не е одговорен за заштита на приватноста или на личните податоци од страна на трети лица, даватели на апликации, даватели на оперативни системи, даватели на безжични услуги, производители на уреди итн.

Во случај да изберете да посетите таков линк, ние не сме одговорни за достапноста на избраната страница, мобилни апликации или други услуги на трети лица. Ние исто така не ги проверуваме веб-страниците на трети лица, нивните мобилни апликации или услуги и не сме директно или индиректно одговорни за нивната употреба и содржина, собирање и обработка на какви било податоци од страна на веб-страниците, мобилните апликации или услугите на овие лица. Со оглед на горенаведеното, Ви препорачуваме пред да ги користите услугите или мобилните апликации на трети лица или пред да внесете какви било лични податоци во нив, информирајте се за нивните политики за приватност или изјавите за заштита на приватноста, кои се достапни или на нивните веб-страници или при пристап (регистрација) во ваква мобилна апликација.

Безбедност на собраните податоци

Користиме строги физички, електронски и административни безбедносни мерки за заштита на Вашите податоци од пристап од страна на неовластени лица и против незаконска обработка, случајна загуба, уништување и оштетување и онлајн и офлајн. Личните податоци се задржуваат во формат за идентификација само за интервалот што е неопходен, идентификуван со целите на обработката за кои се собираат податоците.

 

ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вие како субјекти на лични податоци ги имате следните права:

  • Право да бидете информирани за обработката на Вашите личните податоци.
  • Право на пристап до личните податоци и нивна копија.
  • Право на исправка и бришење на личните податоци ако се нецелосни и неточни, се обработуваат на незаконски начин и целта на нивната обработка е исполнета.
  • Право на ограничување на обработката на личните податоци, ако ја оспорувате нивната точност за времето кое е потребно да ја провериме нивната точност, обработката е незаконска, но се спротивставувате на нивно бришење и барате ограничување на нивната употреба, нема потреба да бидат повеќе зачувани од наша страна, но се потребни за остварување на  Ваши правни барања, се спротивставувате на нивната обработка врз основа на наши легитимни интереси се додека не се потврди дека истите преовладуваат над Вашите интереси како субјект на лични податоци;
  • Право на приговор за обработката на личните податоци кога тие се обработуваат врз основа на наш легитимен интерес. Во секое време имате право на приговор за обработката за директен маркетинг и профилирање поврзано со директниот маркетинг.
  • Право на преносливост на податоците, односно да ги добиете Вашите лични податоци во структуиран машински читлив формат или да бидат пренесени на друга компанија, а кои се обезбедени на автоматизиран начин, врз основа на договор или Ваша согласност.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци Филип Копановски на следниот e-mail: filip.kopanovski@seg.mk.

– Барања за остварување на правата на личните податоци:

 

КОИ ПОДАТОЦИ СЕ ЗАДОЛЖНИТЕЛНИ, А КОИ ОПЦИОНАЛНИ?

Податоците кои се неопходни за реализација на трансакциите и платежните операции се задолжителни за Програмата за лојалност, во спротивно нема да може да се реализира Програмата за лојалност.

АВТОМАТИЗИРАН ПРОЦЕС НА ОДЛУЧУВАЊЕ, ПРОФИЛИРАЊЕ

Ние може да употребуваме автоматизиран процес на донесување на одлуки, вклучувајќи и профилирање во процесот на обработка на Вашите лични податоци врз основа на претходно дадена согласност за маркетинг активности. Ние може да ги анализираме Вашите лични податоци врз основа на демографски податоци, податоци од пребарување, историја на купувањe. Врз основа на оваа анализа, ние можеме да Ви дадеме одредена понуда за одредени производи.

Доколку имате било какви прашања во врска со автоматското донесување на одлуки, можете слободно да не контактирате преку податоците за контакт на Офицерот за заштита на личните податоци наведени погоре.

ПРАВО НА ПРИГОВОР ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вие имате право да поднесете приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) против обработката на Вашите лични податоци доколку сметате дека Ви е повредено правото на заштита на личните податоци. Ова право можете да го остварите преку поднесување на Барање до АЗЛП, преку следниот контакт email: info@privacy.mk или со посета на нивната веб страна: https://dzlp.mk/prizlnlp.

ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

Февруари, 2024