февруари 2021

,,LPP” модните брендови од централна и источна Европа ги отвораат своите први продавници во Ист Гејт Мол во Скопје

,,LPP SA” е групацијата која раководи со пет познати брендови: Reserved, Mohito, House, Cropp и Sinsay. Секој бренд е насочен кон различна целна група, нуди различен стил и претставува поинаков начин на изразување.

,,LPP SA” е глобална компанија со присуство на 38 пазари (директно и со продажба преку интернет), има 1.800 продавници и повеќе од 24.000 вработени во Европа, Азија и Африка.

,,LPP SA” е една од најбрзо растечките модни синџири во источна и централна Европа. Компанијата официјално котира на најразвиената берза во централна и источна Европа, берзата во Варшава, и тоа на индексот WIG20 – кругот на најсилните полски компании, а акциите на ,,LPP SA” се дел од престижната листа MSCI на ниво на Полска.

Олга Јосевска, Регионален менаџер на ,,LPP” за Северна Македонија, Албанија и Косово, изјави: ,,Среќни сме што ги отвораме првите продавници во Северна Македонија, која е седма земја на балканскиот пазар  во која ја нудиме нашата мода. Стилот и разновидноста на нашите колекции се одлично прифатени од страна на клиентите во овој дел на Европа. Веруваме дека клиентите во Северна Македонија, според интересот што го покажуваат за модна инспирација, ќе добијат многу можности да го пронајдат својот стил и да ја изразат својата исклучителност, благодарение на нашите пет брендови.

Н.Е. Амбасадорот на Република Полска во Република Северба Македонија, Војциех Тицињски, изјави: ,,Огромна чест е да се има водечкиот европски бренд од Гдањск во Северна Македонија, кое додава вредност на светскиот избор на брендови кој ќе го понуди најмодерниот трговски центар во Скопје, Ист Гејт Мол.”

Извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков подвлече дека присуството на LPP со целокупното портфолио на брендови ги носи најсвежите новости и најинтересните трендови во модниот сегмент за жени, мажи и деца. Како една од најголемите меѓународни малопродажни синџири за облека, групацијата LPP со над 6.500м2 изнајмена површина, се позиционира како стратешки бренд на македонскиот моден пазар.

новости

Слични новости

...
,,СОЗДАДОВМЕ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР СО СВЕТСКИ БРЕНДОВИ”

Eксклузивно интервју со Игор Давков извршен директор на Ист Гејт Мол, и Влатко Богоевски извршен директор на “Cushman&Wakefield/FORTONMKA“ (ексклузивен лизиг агент на Ист Гејт Мол)

...
CINEPLEXX СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ

Водечкиот синџир на кинa во Југоисточна Европа инвестира 5 милиони евра во својата најнова локација во трговскиот центар Ист Гејт Мол во Скопје. Кино групацијата CINEPLEXX ја започна изградбата на својата втора локација во Скопје. Церемонијата се одржа во четвртокот, на 15 јули, во новиот трговски центар „Ист Гејт Мол“ каде што членот на Управниот […]

...
Интервју со Проф. д-р Мишко Ралев - UACS

Имавме чест да разговараме со Проф. д-р Мишко Ралев од факултетот за архитектура на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (UACS).

...
СОВРЕМЕНА ИНФРАСТРУКТУРА СЕ ЗАВРШУВА ВО РЕОНОТ ОКОЛУ СКОПЈЕ ИСТ ГЕЈТ

Прес со Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и Извршниот Директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков.

...
ТИНЕКС отвора модерен хипермаркет во Ист Гејт Мол

TINEX го отвора наесен својот прв хипермаркет во склоп на трговски центар, токму во Ист Гејт Мол. TINEX HYPERMARKET ќе биде главниот маркет во трговскиот центар со површина од 2,000 m2.

...
Fashion Group со 8 нови брендови во Ист Гејт Мол

Mодниот лидер во нашиот регион ,,FASHION GRОUP” доаѓа во Ист Гејт Мол со сите свои трговски марки и отвора осум нови проекти на реномирани интернационални брендови,