јули 2021

СОВРЕМЕНА ИНФРАСТРУКТУРА СЕ ЗАВРШУВА ВО РЕОНОТ ОКОЛУ СКОПЈЕ ИСТ ГЕЈТ

Општина Гази Баба отпочна со градежни активности на општинските улици во рамките на греадската четврт ЦС09. Динамиката се одвива во летниот период годинава и првата фаза треба да заврши до средината на месец септември 2021 година. Со овој проект ќе се изгради современа инфраструктура со општински улици и пропратна инфраструктура во Општина гази баба во вкупна должина од 2,2 км од кои 1,2 км во првата фаза и дополнителни 1 км во втората фаза.

Со овој инфраструктурен проект ќе се реши сообраќајното поврзување во првата фаза на трговскиот центар Еаст Гате Малл, а во втората фаза и на останатите сегменти од проектот Скопје Еаст Гате.

Скопје Еаст Гате како инвеститор преку својата подружница Еаст Гате Ливинг веќе има поднесено барање за одобрение за градба на 4 станбени згради со вкупна развиена бруто површина од 98,000 м2 со што во буџетот на Општина Гази Баба до крајот на јули 2021 година ќе се слеат на име на надоместоци за уредување на градежно земјиште ц-ка 2,4 милиони ЕВРА и дополнително 3,6 милиони ЕВРА во буџетот на Град Скопје. Со ова вкупниот износ на надоместоци за уредување на градежно земјиште од почетокот на проектот кои изнесуваат повеќе од 16 милиони евра.

Дополнително во следните фази од проектот врз основа на планираните површини за градба во општинскиот и во буџетот на град Скопје ќе треба да бидат уплатени дополнителни 17 милиони ЕВРА на име надоместоци за уредување на градежно земјиште.

Градежните активности на трговскиот центар се во својата завршна фаза, а закупците веќе почнаа да ги преземаат локалите и да ги извршуваат завршните активности. Трговскиот центар има бруто изградена површина од 160,000 м2 и 57.000м2 бруто површина за изнајмување со што се позиционира како еден од регионално најголемите трговски центри не само во регионот  на Западен Балкан туку и пошироко. Трговскиот центар има повеќе од 260 закупци. Отварањето на тргховскиот центар е планирано да се случи оваа есен поточно во средината на октомври 2021 година со што Скопје и регионот ќе го добијат најголемиот трговски центар кој на нашите граѓани ќе им донесе најдобра понуда на севтски модни брендови, најголемото кино, најголемиот фитенс центар на преку 1000м2, како и врвно гастрономско уживање во рестораните кои се протегаат на преку 5000 м2.

новости

Слични новости

...
,,СОЗДАДОВМЕ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР СО СВЕТСКИ БРЕНДОВИ”

Eксклузивно интервју со Игор Давков извршен директор на Ист Гејт Мол, и Влатко Богоевски извршен директор на “Cushman&Wakefield/FORTONMKA“ (ексклузивен лизиг агент на Ист Гејт Мол)

...
CINEPLEXX СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ

Водечкиот синџир на кинa во Југоисточна Европа инвестира 5 милиони евра во својата најнова локација во трговскиот центар Ист Гејт Мол во Скопје. Кино групацијата CINEPLEXX ја започна изградбата на својата втора локација во Скопје. Церемонијата се одржа во четвртокот, на 15 јули, во новиот трговски центар „Ист Гејт Мол“ каде што членот на Управниот […]

...
Интервју со Проф. д-р Мишко Ралев - UACS

Имавме чест да разговараме со Проф. д-р Мишко Ралев од факултетот за архитектура на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (UACS).

...
ТИНЕКС отвора модерен хипермаркет во Ист Гејт Мол

TINEX го отвора наесен својот прв хипермаркет во склоп на трговски центар, токму во Ист Гејт Мол. TINEX HYPERMARKET ќе биде главниот маркет во трговскиот центар со површина од 2,000 m2.

...
Fashion Group со 8 нови брендови во Ист Гејт Мол

Mодниот лидер во нашиот регион ,,FASHION GRОUP” доаѓа во Ист Гејт Мол со сите свои трговски марки и отвора осум нови проекти на реномирани интернационални брендови,

...
The Athlete’s Foot влегува во Македонија, токму во East Gate Mall

Светски реномираниот THE ATHLETTHE'S FOOT кој припаѓа на групацијата Интерспорт за прв пат доаѓа во Македонија преку Ист Гејт Мол и ќе претставува големо освежување за љубителите на спортот.