април 2021

Fashion Group со 8 нови брендови во Ист Гејт Мол

Mодниот лидер во нашиот регион ,,FASHION GRОUP” доаѓа во Ист Гејт Мол со сите свои трговски марки и отвора осум нови проекти на реномирани интернационални брендови, но и веќе постоечките, со подобрени и унапредени продавници:  TIMBERLAND, PARFOIS, OKAIDI, SPRINGFIELD, FASHION & FRIENDS, како и три сосема нови трговски марки на македонскиот пазар. Сите осум проекти се простираат на вкупна површина од 2.000м2, и во новиот трговски центар ќе бидат уредени според најновите идејни концептни проекти за внатрешно уредување.

Брендот MANGO ќе се простира на 580м2 ќе биде уреден според последните стандарди и ќе се престави со целата своја колекција, каде покрај женската линија, за прв пат во Ист Гејт Мол се најавуваат и други колекции од брендот.

Од компанијата како новитети во Ист Гејт Мол ги најавуваат и брендовите DAN JOHN и KIKO MILANO, како лидери во својата област и сосема нова свежина на пазарот.

Трендсетерот и бизнис лидер во модата на нашите простори, мултибренд продавницата Fashion&Friends ќе се претстави со целосно нов концепт и понуда на дополнително нови брендови со што ќе има вкупна застапеност од над 20 модни марки за конфекција и обувки како Calvin Klein, Camper, Desigual, Diesel, Inuikkii, Levis, Liu Jo, Miss Sixty, Moose Knuckles, Mou, Paciotti, Patrizia Pepe, Premiata, Replay, Scotch & Soda, Steve Madden, Supedry, Tommy Hilfiger и други.

Љупчо Маневски, комерцијалниот директор на FASHION GRОUP официјално ги предаде нацртите за осумте проекти на лизинг тимот на Ист Гејт Мол и изјави: „Fashion Group и понатаму останува омилено место за мода за сите прогресивни генерации. Претставуваме понуда која се темели на долгогодишно искуство и страст за создавање вредност за партнерите и купувачите, што се преточува во нови иницијативи како отворањето на овие осум проекти во Ист Гејт Мол“.

новости

Слични новости

...
,,СОЗДАДОВМЕ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР СО СВЕТСКИ БРЕНДОВИ”

Eксклузивно интервју со Игор Давков извршен директор на Ист Гејт Мол, и Влатко Богоевски извршен директор на “Cushman&Wakefield/FORTONMKA“ (ексклузивен лизиг агент на Ист Гејт Мол)

...
CINEPLEXX СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ

Водечкиот синџир на кинa во Југоисточна Европа инвестира 5 милиони евра во својата најнова локација во трговскиот центар Ист Гејт Мол во Скопје. Кино групацијата CINEPLEXX ја започна изградбата на својата втора локација во Скопје. Церемонијата се одржа во четвртокот, на 15 јули, во новиот трговски центар „Ист Гејт Мол“ каде што членот на Управниот […]

...
Интервју со Проф. д-р Мишко Ралев - UACS

Имавме чест да разговараме со Проф. д-р Мишко Ралев од факултетот за архитектура на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (UACS).

...
СОВРЕМЕНА ИНФРАСТРУКТУРА СЕ ЗАВРШУВА ВО РЕОНОТ ОКОЛУ СКОПЈЕ ИСТ ГЕЈТ

Прес со Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и Извршниот Директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков.

...
ТИНЕКС отвора модерен хипермаркет во Ист Гејт Мол

TINEX го отвора наесен својот прв хипермаркет во склоп на трговски центар, токму во Ист Гејт Мол. TINEX HYPERMARKET ќе биде главниот маркет во трговскиот центар со површина од 2,000 m2.

...
The Athlete’s Foot влегува во Македонија, токму во East Gate Mall

Светски реномираниот THE ATHLETTHE'S FOOT кој припаѓа на групацијата Интерспорт за прв пат доаѓа во Македонија преку Ист Гејт Мол и ќе претставува големо освежување за љубителите на спортот.