Кариерни авантури
Кариерни авантури
Денес пожарникар, утре астронаут, а задутре можеби моден дизајнер. Кога си дете, можеш да бидеш сè! ✨
Од 5 до 26 септември, во East Gate Mall најмалите ги очекуваат Кариерни авантури во соработка со Jobs Adventure интерактивна детска поставка каде тие преку игра ќе запознаат различни професии и ќе откријат што најмногу ја буди нивната љубопитност.
Пожарникари, доктори, градежници, модни дизајнери или астронаути, секоја професија е нова авантура.
Можеби токму тука започнува еден голем сон. 🚀
Работно време:
- Работни денови: 17:00 – 20:00 часот
- Викенди: 12:00 – 20:00 часот
Влезот е бесплатен
****
Поради безбедноста на најмалите, во поставката е забрането следново:
1) Внесување храна и пијалоци во сите делови каде што играат деца.
2) Употреба на електронски цигари и вејпови.
3) Оставање на децата во поставката без присуство на нивните родители.
4) Качување на децата на декоративните елементи, вклучувајќи ги масите и столчињата.
5) Трчање на децата во поставката, поради ризик од паѓање и повреди.
6) Преместување на играчките од една во друга зона, бидејќи истите се тематски распоредени.
7) Родителите и придружниците се единствено одговорни за своите деца за време на престојот во поставката.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО ГО ЧУВАТЕ НАШИОТ ПРОСТОР И ГИ ПОЧИТУВАТЕ ПРАВИЛАТА!