август 2020

Синдициран заем од 72 милиони евра за East Gate Mall

Договор за синдициран заем во вредност од 72 милиони евра беше потпишан денеска од страна на домашни и странски банки со цел финансирање на изградбата на трговскиот центар East Gate Mall, градежен проект зад кој стои вкупна инвестиција од 103 милиони евра на Балфин групацијата. Со синдицираниот заем обезбедени се 38,5 милиони евра од НЛБ Групацијата (20 милиони евра од НЛБ дд Љубљана и 18,5 милиони евра од НЛБ Банка АД Скопје), 18,5 милиони евра од Комерцијална банка АД Скопје, 10 милиони евра од Raiffeisen bank Албанија и 5 милиони евра од Халк банка АД Скопје. Со ова е овозможена значајна финансиска поддршка за реализација на оваа инвестиција. Банка лидер на овој синдициран заем е НЛБ Банка АД Скопје, која се јавува во улога на носител на сите активности поврзани со организација, координација и управување на целокупната финансиска конструкција.

Со овој синдициран заем ќе се овозможи изградба на еден од најсовремените трговски центри на Балканот. East Gate Mall е дел од модерниот и современ повеќенаменски комплекс Скопје East Gate, кој e распространет на преку 15 хектари земјиште и опфаќа трговски центар, резиденцијален комплекс и канцелариски парк со вкупна планирана бруто изградена површина од над 500.000 м2, со што претставува најголемиот повеќенаменски проект во недвижности во државата.

Според г-дин Игор Давков, Генерален извршен директор на East Gate Mall, инвестицијата, за која денес се заокружи финансирањето во целост, ќе ја смени сликата за македонската ретаил индустрија.

„Изминатите две години напорно работевме на креирање портфолио на закупци кои во целост ќе ги задоволат потребите и очекувањата на потрошувачите, не само во државата, туку и во регионот. Трговскиот центар на ретаил пазарот во Скопје ќе донесе преку 20 нови светски модни брендови на малопродажна површина од над 20,000 м2, односно на приближно 40% од вкупната површина за издавање во трговскиот центар; ќе овозможи отворање трговски единици кои по својот формат и големина одговараат на форматот и големината во кои најголемите модни брендови отвораат продавници во светските метрополи, а со тоа овозможуваат и сосема поинаков квалитет и квантитет во понудата кон крајниот потрошувач. Веќе имаме потпишано комерцијални услови и договори за закуп со над 150 трговци, па така денес, повеќе од една година пред отворањето на трговскиот центар, истиот е издаден веќе над 80%, со потврдени комерцијални услови од закупците” – изјави г-дин Игор Давков.

Комплексот претставува модерен урбанистички и архитектонски симбол на Скопјe кој како проект има за цел да воведе нови и современи стандарди на урбаното живеење и работење. Tрговскиот центар зафаќа вкупна корисна површина за закуп од околу 57.000 м2 со 250 закупци (поединечни локали под закуп). Според планираната динамика, трговскиот центар треба да биде отворен за сезоната есен/зима 2021 година.

“Со овој договор, НЛБ Банка заедно со Комерцијална банка АД Скопје, Халк Банка АД Скопје и Raiffeisen banka Албанија покажуваме дека заеднички можеме да поддржиме и реализираме големи развојни проекти и во ситуација на невидена и непозната пандемиска криза предизвикана од COVID19 вирусот. Би сакал да изразам благодарност до останатите банки учесници за стручниот и несебичен придонес во синдицираниот заем. Огромна благодарност и за

најзаслужните за овој проект, а тоа е групацијата Балфин и ЕГ Mall, кои макотрпно и со огромна храброст и посветеност работат на реализација на овој проект. Навистина сме среќни и горди што сме дел од еден ваков мултидисциплинарен проект за изградба на објект кој сам по себе ќе претставува нов симбол на градот, ќе даде нова димензија на шопинг искуството, ќе донесе нови брендови, а секако ќе придонесе и за покренување на македонската економија“, изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Обезбедената финансиска поддршка од домашни и странски банки за изградба на East Gate Mall во услови на глобална финансиска криза, наметната од пандемијата од вирусот Covid-19 e доказ за важноста на оваа инвестиција за македонската економија и показател на стабилноста и отвореноста на банкарскиот сектор во земјава за поддршка на економско значајни проекти.

новости

Слични новости

...
,,СОЗДАДОВМЕ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР СО СВЕТСКИ БРЕНДОВИ”

Eксклузивно интервју со Игор Давков извршен директор на Ист Гејт Мол, и Влатко Богоевски извршен директор на “Cushman&Wakefield/FORTONMKA“ (ексклузивен лизиг агент на Ист Гејт Мол)

...
CINEPLEXX СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ

Водечкиот синџир на кинa во Југоисточна Европа инвестира 5 милиони евра во својата најнова локација во трговскиот центар Ист Гејт Мол во Скопје. Кино групацијата CINEPLEXX ја започна изградбата на својата втора локација во Скопје. Церемонијата се одржа во четвртокот, на 15 јули, во новиот трговски центар „Ист Гејт Мол“ каде што членот на Управниот […]

...
Интервју со Проф. д-р Мишко Ралев - UACS

Имавме чест да разговараме со Проф. д-р Мишко Ралев од факултетот за архитектура на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (UACS).

...
СОВРЕМЕНА ИНФРАСТРУКТУРА СЕ ЗАВРШУВА ВО РЕОНОТ ОКОЛУ СКОПЈЕ ИСТ ГЕЈТ

Прес со Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и Извршниот Директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков.

...
ТИНЕКС отвора модерен хипермаркет во Ист Гејт Мол

TINEX го отвора наесен својот прв хипермаркет во склоп на трговски центар, токму во Ист Гејт Мол. TINEX HYPERMARKET ќе биде главниот маркет во трговскиот центар со површина од 2,000 m2.

...
Fashion Group со 8 нови брендови во Ист Гејт Мол

Mодниот лидер во нашиот регион ,,FASHION GRОUP” доаѓа во Ист Гејт Мол со сите свои трговски марки и отвора осум нови проекти на реномирани интернационални брендови,