

Preplet

Преплет е дизајн студио и креативно катче основано во 2013 година во Скопје, Македонија. Во Преплет може да се најдат најразновидни дизајнирани производи, аксесоари за домот и уште многу други мали детали кои со сигурност ќе ви ги размрдаат позитивните мисли.
Она што го прави брендот Преплет уникатен и препознатлив се позитивните мисли испишани на македонски и кирилица, кои прават секој да може да се поврзе со одреден момент и ситуација и да ги доживее на свој и индивидуален начин.
Моментално, Преплет располага со две продажни места:
-Преплет Дебар Маало – концепт продавница
-Преплет Ист Гејт Мол – gift shop
Покрај продажба на нашите дизајнерски производи, студиото дава услуги од областа на графички и сет дизајн, како и уникатни корпоративни подароци за фирми.
Студиото се наоѓа во Дебар Маало на ул.Благој Давков бр.7А
Ви посакуваме убав преплет од незаборавни моменти!