

Почетна > Брендови > Natura Therapy
Natura Therapy


Отворено секој ден
Спрат:
-02
Вебстрана:
Телефон:
Телефон:
Телефон:
Социјални мрежи:
NATURA THERAPY е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот. Силно придонесуваме во развивање на колективната свест и информираност на граѓаните за значењето и потребата од промени во животниот стил и употребата на природни додатоци на исхраната, со цел обезбедување на максимален животен потенцијал за секој поединец.
Компанијата завзема лидерска позиција на домашниот пазар во развојот и понуда на широка палета нови, иновативни додатоци на исхраната, кои ги следат актуелните светски пазарни трендови, современите научни сознанија и здравствените потреби и предизвици на нашите граѓани и луѓето во целина.
Нашата пракса вклучува редовно анализирање на пазарот и потрошувачите, следење и примена на најновите научни откритија во сегментот на медицина на животен стил, нутриционизмот, фитотерапијата и функционалната храна, набавка на специфични суровини со исклучителен квалитет од реномирани добавувачи од земјата и светот, со цел развој на софистицирани формули за производство на додатоци на исхраната кои докажано помагаат во превенцијата и третманот на широк спектар заболувања, односно одржување и подобрување на здравјето на потрошувачите.
Создадовме модерен производен погон, со современа опрема за производство на иновативни додатоци на исхраната во форма на уникатни екстракти, капсули, таблети и функционални напитоци, додека развиените производи се под постојана контрола од страна на релевантните национални институции за стандардизација, безбедност и квалитет.
NATURA THERAPY обединува тим на експерти со повеќегодишно професионално искуство и релевантно образование во технологијата и производството, медицината и нутриционизмот, со докажани менаџери во областа на управувањето, маркетингот и односите со јавноста, здружени и силно посветени на мисијата на компанијата.