

Почетна > Брендови > La Ganache
La Ganache
Мери и Армине се две пријателки, кои започнале да создаваат вистинска уметност од рачно изработени чоколади, тие велаат дека нивното „чоколадно патување“ започнувало од обичен кафе-муабет. Почнале да учат во Антверпен, Белгија и да ја совладуваат уметноста на рачно изработени чоколади, направени од оригинална белгиска чоколада, исполнети со најразлични вкусови, кремови и филови. Чоколадото е задоволство кое игра значајна улога во нивните животи кога сакаат да ја споделат среќата со најблиските, да подарат насмевки и пријатни емоции.