февруари 2021

Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“

Светскиот моден магнат од Шпанија, Групацијата Индитекс ќе  закупи деловен простор за сите свои брендови, со што популарната седморка: ZARA, ZARA HOME, ОYSHO, Мassimo Dutti, Berschka, Pull and Bear и Stradivarius, ќе се најде на само едно место во „Ист гејт мол“.

Групацијата Индитекс постигна договор со „Ист гејт мол“ за историски најголемиот закуп на малопродажен деловен простор во Македонија. Договорот предвидува закуп на малопродажна површина од 8.600 м2 за сите седум брендови. За првпат на пазарот Групацијата Индитекс во „Ист гејт мол“ ќе се појави со брендовите ZARA HOME  и OYSHO, а брендот ZARA ќе се простира на повеќе од 4.600м2 со што станува најголемата ZARA во целиот регион.

Со оваа трансакција „Ист гејт мол“ стратешки се позицинира како една од клучните малопродажни дестинации во регионот, обезбедувајќи притоа предуслови за стабилни инвестициски параметри на ниво кое вообичаено се бара од инвеститорите кои вложуваат во ваков тип недвижнини.

Со ZARA HOME, „Ист гејт мол“ станува идна водечка дестинација за додатоци во домот при што купувачите ќе добијат можност да ги следат најновите трендови во ентериерниот декор и да имаат пристап до најновите колекции во ист момент кога ќе се појават на пазарот.

OYSHO e специјализирана модна марка за удобна примарна гардероба за дома, за спортски активности, како и квалитетна долна облека. Нивните колекции се создадени за жените и ја следат линијата на мода и елеганција со удобност и квалитет.

Продавниците ќе бидат изградени според најновиот дизајн, автентичен на современиот имиџ на ZARA HOME и OYSHO ширум светот.

Форматот на продавниците на Групацијата ИНДИТЕКС во „Ист гејт мол“ налага сите брендови да се презентираат со целото свое продуктно портфолио, обезбедувајќи со тоа широка палета на производи и диверзифитет во понудата пред македонските потрошувачи.

новости

Слични новости

...
,,СОЗДАДОВМЕ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР СО СВЕТСКИ БРЕНДОВИ”

Eксклузивно интервју со Игор Давков извршен директор на Ист Гејт Мол, и Влатко Богоевски извршен директор на “Cushman&Wakefield/FORTONMKA“ (ексклузивен лизиг агент на Ист Гејт Мол)

...
CINEPLEXX СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ

Водечкиот синџир на кинa во Југоисточна Европа инвестира 5 милиони евра во својата најнова локација во трговскиот центар Ист Гејт Мол во Скопје. Кино групацијата CINEPLEXX ја започна изградбата на својата втора локација во Скопје. Церемонијата се одржа во четвртокот, на 15 јули, во новиот трговски центар „Ист Гејт Мол“ каде што членот на Управниот […]

...
Интервју со Проф. д-р Мишко Ралев - UACS

Имавме чест да разговараме со Проф. д-р Мишко Ралев од факултетот за архитектура на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (UACS).

...
СОВРЕМЕНА ИНФРАСТРУКТУРА СЕ ЗАВРШУВА ВО РЕОНОТ ОКОЛУ СКОПЈЕ ИСТ ГЕЈТ

Прес со Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и Извршниот Директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков.

...
ТИНЕКС отвора модерен хипермаркет во Ист Гејт Мол

TINEX го отвора наесен својот прв хипермаркет во склоп на трговски центар, токму во Ист Гејт Мол. TINEX HYPERMARKET ќе биде главниот маркет во трговскиот центар со површина од 2,000 m2.

...
Fashion Group со 8 нови брендови во Ист Гејт Мол

Mодниот лидер во нашиот регион ,,FASHION GRОUP” доаѓа во Ист Гејт Мол со сите свои трговски марки и отвора осум нови проекти на реномирани интернационални брендови,