ИСКУСИ ЈА ЕУФОРИЈАТА НА ЕУРО 2024 ВО EAST GATE MALL - East Gate Mall
?>

ИСКУСИ ЈА ЕУФОРИЈАТА НА ЕУРО 2024 ВО EAST GATE MALL

image of the store

Додека фудбалската треска го зафаќа светот, ние се приклучуваме на возбудата и прославата на ЕУРО 2024 токму во нашиот трговски центар. Подгответе се за низа возбудливи настани кои ќе го направат вашето шопинг искуство уште понезаборавно.

Интерактивна фудбалска зона

Придружете ни се во нашата специјално курирана фудбалска зона, тестирајте ги вашите фудбалски вештини во плејка, одиграјте фудбалче или скокнете високо колку Роналдо за да си ќарите вредни награди. Впуштете се во интерактивните игри и предизвици дизајнирани за навивачи од сите возрасти. Секој може да ужива и да ја покаже својата љубов кон најважната споредна работа во светот.

Ексклузивни понуди и промоции

Искористете ги сите понуди и промоции од нашите трговци и без разлика дали сакате да се дотерате или да набавите закуска за гледање на сите натпревари од ЕУРО 2024, тука сме да го подобриме вашето шопинг искуство.

Прибележете ги датумите во вашите календари и придружете ни се во East Gate Mall, без разлика дали сте жесток фудбалски фан или само сакате да ја осетите фудбалската еуфорија, секој може да ужива во забавата.

Заедно ќе го направиме ова ЕУРО 2024 незаборавно.

Активации во корнерот

Колку си прецизен?

Шутирај за гол и добиј вредносен ваучер. Пријави се кај нашите хостеси со сметка над 1000 денари, шурирај за гол и освои вреден подарок.

Колку високо можеш да скокнеш?

Дали можеш да го победиш Роналдо во шут со глава? Скокни највисоко што можеш, удри ја топката со глава и освои вредносен ваучер.

Турнир во фудбал

Собери екипа и дојди на фер плеј во фудбалче. Слободна активација без претходно пријавување.

Фудбалче на клупа

Дојди со другарите и пробајте се во ферка на фудбалче на клупа. Погоди гол од седечка положба и покажи им дека си спремен голгетер. Слободна активација без претходно пријавување.

Играј фудбал на твој терен

Направи си екипа и дојди да се испробаш во фудбал на наш терен. Слободна активација без претходно пријавување.

Photo Booth

Овековечи го ова ЕУРО 2024 со тематска фотка. Покажи дека си фудбалски фан и фотни се во нашиот photo booth.   

Chill зона

Ако не сакаш да се натпреваруваш, дојди да навиваш за твоите пријатели во нашата лејзи чил зона.

Локација: спортски корнер, прв кат.

Работно време на корнерот:

Петок од 17:00 до 21:00 часот; сабота и недела од 12:00 со 16:00 часот.

Јуни

14.06- петок, 15.06- сабота, 16.06- недела

22.06- сабота, 23.06- недела

29.06- сабота, 30.06- недела

Јули

6.07- сабота, 7.07- недела

13.07- сабота, 14.07- недела

Посебна понуда во рестораните Soul Kitchen, Buenos Dias, Bella Vista и IG Group Macedonia за времетраењето на ЕУРО 2024.  

Пилешки прсти и две пива 490 денари.

Пива 3+1 гратис 490 денари.

Начос и две пива 490 денари.

Похована даска – 20%

Пица – 20%

Пастрмајлија -20%