Интерактивна виртуелна џунгла од 26 март до 17 април. - East Gate Mall
?>

Интерактивна виртуелна џунгла од 26 март до 17 април.

image of the store

Интерактивна виртуелна џунгла од 26 март до 17 април.

Откријте го светот на интерактивната виртуелна реалност од 26 март до 17 април ексклузивно во Ист Гет Мол. Ги чекаме сите дечиња да го истражат светот на најубавите пејсажи од џунглата и сафари, и заедно да ја трансформираме реалноста во магичен имагинарен свет.

Дојдете на уникатна едукативна изложба и авантура во која ќе храните жирафа, трчате со мечка, ќе галите гепард и многу други уникатни виртуелни искуства.
Обојте ја пеперутката од интерактивниот цртеж и гледајте како ќе оживее пред вас, анимирана во боите со кои сте ја обоиле.

Не пропуштајте го ова уникатно искуство и влезете во магичниот свет на виртуелната реалност.
Иднината е тука. Дојдете и уживајте!

Дата: од 26 март до 17 април
Време: секој работен ден и за викенд од 12 до 20 часот.
Локација: East Gate Mall, прв кат

За безбедноста на вашите деца во поставката VR Wild Nature СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА:
1. Влез на родители во поставката,
2. Пушење на електронски цигари или вејп апарати,
3. Храна и пијалаци во сите делови на поставката,
4. Оставање на деца без присуство на родител,
5. Качување на декоративните елементи, маси или столчиња,
6. Трчање во поставката поради ризик од повреди,
7. Поместување на маси и столчиња.

Родителите и придружниците се единствено одговорни за своите деца за време на престојот во поставката VR Wild Nature.

Ви благодариме што го почитувате нашиот простор и ги почитувате правилата за безбедност на децата.

Нашиот персонал со задоволство ќе ви помогне и одговори на сите ваши прашања и барања.