Почетна > Брендови > SWAROVSKI
SWAROVSKI
Брендот Swarovski e лидер во светот за дизајн и производство на накит од кристали изработен до совршенство.
Во Ист Гејт е претставен со новиот, луксузен концепт на продавници WonderLux, каде навистина на нови начини може да го доживеете светот на кристалот .
Листата на производи кои брендот Swarovski ги произведува е мошне импресивна и вклучува скулптури, минијатурни фигури и парчиња за колекционери, домашен декор, часовници и модни додатоци. Со константната креативност, иновативност и креирање на бројните трендови , Сваровски стана симбол на ветувачка технологија на духот на кристалот, додека секое парче накит ја раскажува својата приказна, а сите ги обединува повеќе од 125 години традиција и беспрекорен дизајн.